EВРОПСКИ ДЕН НА ПРАВДАТА: Адвокатската комора на РСМ на 25 октомври организира отворен ден за граѓаните

18 Октомври 2023

25-ти октомври е Европски ден на правдата што секоја година се одбележува во сите држави во Европа. Целта за негово одбележување е правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување. Со тоа се обезбедува широк пристап до правдата за граѓаните и пошироката јавност. Интенцијата за одбележување на Европскиот ден на правдата е на граѓаните да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните човекови права. Исто така, на овој ден граѓаните се запознаваат со функционирање на системот на правосудството во поширока смисла. 

Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави. Овој ден посебно се одбележува со организирање на отворени денови во судовите, средби со адвокати, судии, медијатори, нотарите, давање на информации и совети на граѓаните, симулации на судење, организирање на локални конференции и сл.

По тој повод, Адвокатската комора на РСМ на 25 октомври (среда), од 10 до 13 часот, организира отворен ден за граѓаните на кои тие лично преку разговор со адвокати можат да се информираат за своите  права.  

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме