Адвокатската комора на РСМ ги повикува своите членови да се пријават на Адвокатски спортски игри.
Овогодинешните адвокатски спортски игри ќе се одржат во периодот од 6-ми до 8-ти октомври 2023 година (петок-недела), во хотелот „Дрим“ во Струга. Спортскиот дел ќе се одржи во сабота, 7 октомври.
Екипите ќе се натпреваруваат во дисциплините фудбал, кошарка, шах, пинг понг, куглање, влечење јаже и сл., зависно од интересот за конкретна дисциплина.
Висината на котизацијата за учество на спортските игри изнесува 5500 денари. Остатокот од вкупната цена која содржи две ноќевања на база на полн пансион, изнајмување на спортска сала, како и спортски маички го подмирува Адвокатската комора.
Сите заинтересирани учесници треба да се пријават на имеил адресата на Адвокатската Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 25 септември 2023 година. Пријавите по 25 септември, ќе бидат разгледувани во согласност со расположливиот капацитет на хотелот.
Котизацијата се уплаќа на трансакциската сметка на Комората - 300 000 001 142 696, Комерцијална банка АД Скопје, со цел на дознака „За спортски игри.“ Сместувањето е во двокреветни соби.