Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира обука за адвокати на темата криминал од омраза.
Обуката е наменета за 20 адвокати и ќе се одржи помеѓу 21-22 јуни 2023 година во Хотел Романтик, Велес. Обучувачи ќе бидат претставници од ОБСЕ и Основното јавно обвинителство Скопје.
Главниот фокус на обуката ќе бидат искуствата од заедницата и обемот на пристрасност и предрасуди во локален контекст, говорот на омраза и како тој може да води до криминал од омраза, измените и дополнувањата на Кривичниот законик од 2018 година преку кои се дефинира криминалот од омраза и се утврдува како квалификаторна околност која на основните кривични дела им дава потежок вид и казна, новиот Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство и студии на случај поврзани со криминал од омраза.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ги покрие трошоците поврзани со сместувањето (еднокреветни соби, полн пансион) и патувањето на учесниците.
Адвокатите кои се заинтересирани, треба да се пријават на имеил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Агендата ќе Ви биде испратена дополнително, пред почетокот на обуката.