Македонското здружение на млади правници во рамките на проект поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија организира специјализиранa обукa на следнaвa темa: Пристапи во комуникацијата со деца во ризик и деца жртви.
Обуката е бесплатна и е наменета за адвокати почетници како и за сите адвокати со помалку од 15 години работно искуство како адвокати, а кои ќе изразат интерес за учество на обуките. Обуките се еднодневни и се спроведуваат со физичко присуство.
Обуката ќе се одржи на 12 јуни 2023 (понеделник) година со почеток од 12:00 часот во Public Room во Скопје.
Заинтересирани адвокати треба да се пријават со пополнување на формулар најдоцна до 10.06.2023 година.
Во прилог формуларот за пријава на учесници - https://forms.office.com/e/q8wBsMdYhf
На номинираните учесници дополнително ќе им биде испратена целосна агенда за настанот.