Средба помеѓу Адвокатската и Лекарската комора

28 Април 2023
Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, адвокат Љубомир Михајловски оствари работна средба со претседателката на Лекарската комора на РСМ, проф. д-р Калина Гривчева Старделова. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката согласно законските ингеренции на двете комори. 




Претседателот Михајловски истакна дека соработката е од витално значење за остварување на успешна размена на информации помеѓу двете Комори, притоа запазувајќи ги законските обврски и должности на членовите на двете комори, правата на пациентите, заштитата на осетливите информации  и деловната тајна.

Проф. д-р Гривчева Старделова истакна дека двете комори можат партнерски да делуваат и да се надополнуваат во реализацијата на активностите поврзани со заштита на лекарите и пациентите со цел зголемување на ефикасноста во работењето.

На средбата се разговараше и за стручниот надзор кој го прави Лекарската комора, како и законската регулатива со која се регулираат правата во случај кога постои сомневање за направен пропуст во лекувањето. Во наредниот период двете комори ќе ја продолжат својата соработка со цел подобра размена на информации. 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме