Арбитражна конференција на тема: „Making sure that arbitration meets your (company’s) expectations“

20 Април 2023

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Форумот за млади арбитри и алтернативно решавање спорови при Меѓународната стопанска комора со седиште во Париз (ICC YAAF), организира Арбитражна конференција на тема: Making sure that arbitration meets your (company’s) expectations

Учеството на конференцијата е без надоместок, а работен јазик е англискиот.

Ве молиме, доколку сакате да присуствувате, Вашето учество да го пријавите на следниот e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., a покрај тоа, дополнително, но незадолжително можете да се регистрирате и на линкот за регистрација во поканата за настанот која ви ја доставуваме во прилог.

 

Конференцијата ќе се одржи на 25.04.2023 година, со почеток во 13 часот, во Стопанска комора на Северна Македонија (ул. Димитрие Чуповски бр.13 Скопје), 5 кат, со следната агенда:

12:45-13:00

Регистрирање

13:00-13:10

Поздравен говор

·                     Тамара Манасијевиќ, претставник на „ICC YAAF“ за Европа; адвокат, „ARP“, Виена 

·                     д-р Елена Милевска Штрбевска, Стопанска комора на Северна Македонија.

13:10-14:40

Панел-дискусија на тема: Осигурајте се дека арбитражата ги исполнува вашите (компаниски) очекувања.

Модератор:

·                     д-р Ана Пепељугоска, партнер, Адвокатско друштво Пепељугоски, Скопје

Учесници:

·                     Борна Дејановиќ, виш самостоен соработник, работи во соработка со Вулф Теис, Загреб,

·                     Томас Хербст, виш самостоен соработник, Цајлер Флојд Задкович, Виена,

·                     Марлин Кругер, правник, Вилмер Хале, Лондон

·                     Марија Шеќероска, раководител во служба за правни работи, ГД Гранит АД Скопје

14:40-15:40

Коктел

 

Панел-дискусијата ќе се осврне на начините на коишто компаниите и управителите можат да се погрижат и да придонесат, во соработка со нивните внатрешни и надворешни правни застапници, за економично, брзо и ефикасно решавање на нивните спорови по пат на арбитража. Учесниците на панелот, кои се млади, но искусни и перспективни арбитражни практичари, ќе понудат практични согледувања во поглед на ефективното управување со фазите на арбитражната постапка, како и неколку стратешки размислувања во однос на решавањето спорови.

Овој настан ќе биде еден идеален форум за младите практичари од областа на арбитражното право и практика да разменат знаења, да споделат искуства и да ја прошират нивната мрежа.

За кого е наменет?

-                      Адвокати специјализирани за решавање спорови или заинтересирани за арбитража.

-                      Корпоративни правници.

-                      Управители.

-                      Професори.

-                      Студенти заинтересирани за арбитража.

Организирајќи настани од овој тип, заради подигнување на јавната свест за предностите на арбитражата и другите алтернативни начини за решавање на споровите, веруваме дека може да ја обликуваме наредната генерација водечки меѓународни арбитри и стручњаци за алтернативно решавање спорови преку обуки и менторство. Преку оваа панел-дискусија ќе придонесеме подобро да ги информираме, поврземе и инспирираме младите професионалци заинтересирани за решавање спорови по пат на арбитража.

ICC YAAF е отворен форум за зачленување на лица помлади од 40 год., нудејќи им можности да стекнат знаење, да ги развијат вештините и да ја разберат арбитражната постапка на Меѓународната стопанска комора и другите услуги поврзани со решавање спорови. ICC YAAF во соработка со локалните арбитражни институции и други организации кои се занимаваат со ADR организира повеќе едукативни настани и настани за дружење низ светот коишто им овозможуваат на младите професионалци да ги откријат најдобрите практики, да дискутираат за актуелните прашања, да се вмрежуваат и да создаваат значајни врски со искусни практичари во оваа област.

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме