ПОВОЛНОСТИ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА НА ИНСТИТУТ ЗА СОЦИОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКО-ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ – КОНКУРСОТ Е ВО ТЕК

10 Февруари 2023

Во тек е Конкурс за запишување на студенти на втор циклус студии - постдипломски студии (магистерски студии) на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, со кој Адвокатската комора на РСМ потпиша Меморандум за соработка, нуди поволности за постдипломски (и докторски) студии за членовите на Адвокатската комора и членовите на нивните семејства во областа на социолошките, политичките и правните науки, организациските науки и комуникологијата.

Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ИСППИ-УКИМ) е еден од најстарите научни институти во општествените науки во Република Северна Македонија. Формиран во 1965-та година, ИСППИ-УКИМ изградил значителна традиција на висококвалитетни научни истражувања и образование во општествените науки. Низ годините, ИСППИ-УКИМ имплементирал голем број на научно-истражувачки и апликативни проекти, како и последипломски и докторски образовни програми во социолошките, политичките и правните науки, организациските науки и комуникологијата.

ИСППИ-УКИМ ги нуди следните програми за постдипломски студии:

  1. Политички науки и човекови права
  2. Менаџмент на човечки ресурси
  3. Социологија – менаџмент на општествени промени
  4. Културата во ерата на кибернетиката
  5. Комуниикации
  6. Општествен развој
  7. Политички науки – интеграција и управување

Детален преглед на програмите и условите може да се најде на следниот линк:

https://isppi.ukim.edu.mk/files/Brosura%20Final%20WEB.pdf?fbclid=IwAR1uRP21i5o-lgDJbEv2-ZgBQDBXZy4pxQKVs4lxRGvRAGuFU_2eW8HIO2Q

 Пријавувањето на кандидатите е  од 07.02 до 17.02.2023 година.

 Конкурсот за запишување може да се најде на следниот линк:

 https://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=187&glavno=40

 Контакт:

Институт за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Бул. Партизански Одреди бб Скопје

Тел. 02/3061-119; 02/3063-827

Е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Веб страна www.isppi.ukim.edu.mk

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме