Потпишан Меморандум за соработка со Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, Љубомир Михајловски и ректорот на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, проф. д-р Дејан Мираковски согласно заедничката заложба за модерен и ефикасен правосуден систем воспоставен по највисоките европски стандарди потпишаа Меморандум за соработка.
Соработката помеѓу Адвокатската комора и Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе се одвива во следните сегменти:
- Ангажирање на адвокати од Адвокатската комора на Република Северна Македонија за помош во спроведување на активностите на наставата од акредитираните наставни програми на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
- Ангажирање на адвокати од Адвокатската комора на Република Северна Македонија за помош во спроведување на активностите на Правните клиники на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип како и за застапување на предметите од клиниките пред судовите во Република Северна Македонија;
- Ангажирање на стручен кадар од редот на редовните професори, вонредните професори, доцентите, асистентите и демонстраторите на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, заради експертиза во подготовката на курикулуми и спроведување на истите во рамки на Центарот за едукација при Адвокатската комора на Република Северна Македонија;
- Учество на стручен кадар од редот на редовните професори, вонредните професори, доцентите, асистентите и демонстраторите на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип во спроведувањето на наставните активности на Центарот за едукација при Адвокатската комора на Република Северна Македонија;
- Соработка во организирање на конференции, семинари, работилници и тркалезни маси;
- Овозможување на практикантска работа во Адвокатската комора на Ре-публика Северна Македонија за студентите на прв и втор циклус на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, заради помош во спроведување на секојдневните активности на Комората, во текот на летниот период или во текот на една календарска година, во зависност од потребите на Комората, при што максималното времетраење на практикантската работа се определува согласно позитивните законски прописи со кои се уредува практикантската работа;
- Заедничко изготвување и партнерско аплицирање на проекти од заеднички интерес;
- Заедничко изготвување на анализи, стручни и научни мислења и истражувања и размена на информации заради заемни потреби;
- Соработка во делот на подготовка, понуда и насочување кон избор на можни теми за изготвување на практични/апликативни магистерски и докторски тези на теми кои се релевантни за развој и унапредување на владеењето на правото и адвокатурата;
- Други области.
Комората и Универзитетот во рамки на меѓусебната соработка за потребите од организација на обуки и други активности ќе вршат размена на предавачи, искуства и знаења, вклучително и користење на просторните капацитети.
Галерија
View the embedded image gallery online at:
https://mba.org.mk/index.php/mk/arhiva-na-informacii/item/890-potpishan-memorandum-za-sorabotka-so-univerzitet-goce-delchev-shtip#sigProId5e517e52a5
https://mba.org.mk/index.php/mk/arhiva-na-informacii/item/890-potpishan-memorandum-za-sorabotka-so-univerzitet-goce-delchev-shtip#sigProId5e517e52a5