Во врска со примопредавање на конвертирани прилози на Државниот архив од страна на регистрациони агенти ве информираме дека врз основа на член 82 став 4 од Законот за трговските друштва, адвокатите кои се регистрациони агенти, конвертираните прилози (исправи и докази) имаат обрска да ги чуваат 5 години, а потоа ги предаваат во Архивот (во едно од надлежните подрачни одделенија Скопје, Велес, Куманово, Штип, Струмица, Битола, Охрид, Прилеп, Тетово).
За таа цел, истите се предаваат на Државниот архив на следниот начин:
1. Регистрационите агенти е потребно да изработат попис и опис на конвертираните прилози кој се предава во Државниот архив, Прилог: Образец за попис и опис на конвертирани прилози (ПРЕЗЕМЕТЕ ОД ЛИНКОТ ДОЛУ)
2. Регистрационите агенти и претставници на Државниот архив изготвуваат записник за примопредавање на конвертираните прилози во просториите на Државниот архив, Прилог: Образец на записник за примопредавање (ПРЕЗЕМЕТЕ ОД ЛИНКОТ ДОЛУ)
Државниот архив е во фаза на обезбедување соодветен простор за чување во депоата, и поради тоа примопредавањето на архивскиот материјал ќе започне да се извршува почнувајќи од 1 април 2023 година.
За подрачјето на Општина Град Скопје, предавање на конвертираните прилози од страна на регистрационите агенти ќе се врши во Државниот архив - Одделение Скопје на Ул.Московска бр.1 Скопје, додека останатите регистрациони агенти треба да вршат предавање на архивскиот материјал во одделенијата на Државниот архив според надлежноста соодветно во следните градови: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Струмица, Охрид, Велес и Штип каде ќе бидат назначени лица за контакт.
Примопредавањето на архивскиот материјал се врши без финансиски надомест.
Известување во врска со примопредавањето на конвертираните прилози во Државниот архив од страна на регистрационите агенти
Преземи документ:
- Записник за примопредавање (737 Преземања)
- Попис и опис на архивски материјал (451 Преземања)
- Контакт лица за Одделенијата во Државниот архив (437 Преземања)