КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДВЕ СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ОД СКОПЈЕ

09 Ноември 2022
Адвокатско друштво ДЕБАРЛИЕВ ДАМЕСКИ И ЌЕЛЕШОСКА, поттикнато од потребата за создавање на стручен кадар, заинтересиран за професионално ориентирање во областа на адвокатурата распишува:


К О Н К У Р С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДВЕ СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ
„ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ОД СКОПЈЕ


Се поттикнуваат да аплицираат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

• Имаат запишано зимски семестар од II (втора) година, Постдипломски студии за
студиска 2022/23 година
• Просечниот успех од досегашното студирање треба да изнесува најмалку 7.5
• Солидно познавање на еден странски јазик
• Својата професионална кариера сакаат да ја градат во областа на адвокатурата
Потребни документи:
• Копија од индекс со запишан зимски семестар од II (втора) година, Постдипломски
студии за студиската 2022/2023 година
• Кратка биографија
• Пријава со образложение за својата мотивираност за конкурсот

Нудиме:

• Месечна стипендија во нето износ од 3.000 денари, во времетраење од 10 (десет
месеци) т.е една студиска година
• Практична поддршка во текот на студирањето
• Стручно оспособување за вршење на адвокатската дејност
• 6 (шест) месеци стажирање во Адвокатското друштво, по завршување на студиите

Пријавување: Од 8 до 18 Ноември 2022 година, на следната адреса:

Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска
Ул. Мирче Ацев бр.2/3кат, Скопје

Или на email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
За дополнителни информации можете да се обратите на следните контакт телефони:
02 3136 530/ 3215 471.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме