АДВОКАТСКАТА КОМОРА ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ИНСТИТУТОТ ЗА СОЦИОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКО-ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА

05 Ноември 2021
Поттикнати од потребата за унапредување на состојбата со заштитата на човековите права и остварувањето на начелото на владеење на правото, како едни од клучните темелни вредности на уставниот поредок, на 01.11.2021 година, Адвокатската комора на РСМ, претставувана од пртседателот Љубомир Михајловски потпиша Меморандум за соработка со Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св.  Кирил и Методиј“, претставуван од директорката на Институтот,  проф. д-р Бојана Наумовска. Соработката има за цел да вроди поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес изразен преку заедничка апликација и реализација на научно-истражувачки и апликативни проекти, и остварување соработка во доменот на едукацијата и образовното усовршување.


Соработката меѓу Адвокатската комора и Институтот за социлошки и политичко-правни истражувања ќе се остварува во следниве области:

  • Заедничка изработка и реализација на научно-истражувачки и апликативни проекти во области од интерес на страните;
  • Заедничка подготовка на проектни апликации и проектна документација, како и заедничко аплицирање на повици, односно заедничко проектно аплицирање кон трети страни (меѓународни организации, агенции, здруженија и сл.) во однос на проекти од заеднички интерес;
  • Изработка на анализи и спроведување на истражувања потребни за ефикасно застапување и лобирање за подобрување на законите и политиките во областа на пристапот до правда и заштитата на човековите права;
  • Организирање на обуки и изработка на едукативни материјали (прирачници, водичи и сл.) за членовите на АКРСМ во области на работа и интерес на страните;
  • Меѓусебна поддршка и помош во организирање на настани (конференции, работилници, тркалезни маси, дебати и сл.) во областите кои се предмет на работа на страните;
  • Привилегиран третман за членовите на АКРСМ по однос на школарината за постдипломски (втор циклус) студии (попуст од 10%) и докторски (трет циклус) студии во целосна организација на ИСППИ (попуст од 5%), како и плаќање на повеќе рати;
  • Споделување на печатени и електронски материјали, како и размена на релевантна експертиза за разни теми во области од интерес за страните;
  • Размена на информации, контакти, знаења и искуства со цел реализација на заеднички активности;
  • Соработка во библиотечната дејност;
  • Други области на кои ќе се согласат страните.



Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме