Адвокатската комора на РСМ на 30.03.2021 година поднесе барање за приоритет во постапката за вакцинација до Владата на РСМ и Министерството за здравство.
Адвокатската комора брои околу 4700 членови - адвокати, адвокатски стручни соработници и адвокатски приправници, кои секојдневно вршејќи ги своите работни ангажмани се движат голема динамика во судовите, обвинителствата, казненопоправните установи, Јавното правобранителство, центрите за социјална работа, фирми, многубројни државни институции, банки и други правни лица.
Во текот на дневното работење, пред судовите се закажани огромен број на рочишта. Често се случува истите да траат и подолг временски период и се одвиваат во затворен простор. Посебен проблем претставуваат контактите со притворените лица, ситуација која доведува ширење на вирусот во казнено поправните установи каде овие лица немаат соодветен лекарски третман за ваков вид болести.
Во барањето меѓу другото се истакнува дека адвокатите за обавување на својата дејност се движат и надвор од градовите каде живеат и притоа стапуваат во контакт со голем број луѓе, државјани на РСМ или странци.
Поради сето ова, како и други причини наведени во барањето, Адвокатската комора побара приоритет во постапката за вакцинација на адвокатите и вработените во адвокатските канцеларии во најскоро време.