Во согласност со Законот за адвокатура и актите на Комората, адвокатот е должен редовно да и уплаќа коморска членарина на Адвокатската комора на Република Северна Македонија од денот на упис во Именикот на адвокатите.
Апелираме до адвокатите кои имаат неплатени обврски на име коморска членарина истите да си ги подмират во најбрз можен рок. Во спротивно, Адвокатската комора ќе поведе постапки за одземање на лиценците на оние адвокати кои не уплатиле коморска членарина.
Доколку Ви се потребни повеќе податоци и информации во однос на неплатени обврски на име членарина, обратете се до стручната служба на Адвокатска комора на РСМ на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Податоците кои треба да се содржани во уплатницата се следни:
Адвокатска комора на РСМ
Трансакциска сметка: 3000 0000 1142696
Депонент: Комерцијална Банка
Цел на дознака: Членарина за 2021 годИНА
Износ: 6.000,00
Повикување на број: број на лиценца