„ОНЛАЈН ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ ЗА „ПРАВДА ЗА ДЕЦА: ПРИМЕНА НА ПРАВОТО ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ПРИ РАБОТА СО ДЕЦА“

16 Февруари 2021
Адвокатската комора на Република Северна Македонија и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје организираат Обука за Обучувачи при „Правда за деца: Примена на правото за бесплатна правна помош при работа со деца“.

Со оглед на новонастанатата ситуација со вирусот Covid – 19, обуката ќе се одржи онлајн. Насоките за започнување на обуката ќе бидат навремено доставени до сите учесници со детални онлајн инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на обуката, како и структурата на истата дополнети со начинот на регистрација и навигација низ онлајн платформата.

Обуката за обучувачи „Правда за деца: Примена на правото за бесплатна правна помош при работа со деца“ е изработена во рамките на проектот Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија„ кој е дел од програмата ‘’Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа во соработка со Адвокатската комора на Р.С.Македонија.

Материјалите за обуката се изготвени од интернационални и национални експерти на Совет на Европа, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи за онлајн обука, којшто е интерактивна и се состои од повеќе модули.

Оваа обука за обучувачи е отворена за сите заинтересирани адвокати. По завршување на истата, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршен обука.
  1. Критериуми за аплицирање:
  • Минимум 4 години практично искуство во некоја од следниве области: права на децата, правда прилагодена на потребите на детето, човекови права, бесплатна правна помош.
  • Минимум 3 години практично искуство во креирање, организирање и одржување на курсеви и обуки.
  • Искуство во работа со владини и невладини организации (не е задолжително, но доколку апликантот поседува ќе се смета за предност.)
  • Течно да го зборува и пишува Англискиот јазик
 
  1. Потребни документи:
  • Детална биографија (CV) која ја покажува исполнетоста на апликантот на критериумите за аплицирање (т.1)
  • Мотивационо писмо (не подолго од 2 страни) кое содржи образложение на кој начин апликантот ги исполнува условите за горенаведената материја со соодветни докази, зошто аплицира на повикот и како тој/таа ќе придонесе во квалитетот на самата обука.
  • Листа со три контакти за препораки (треба да содржи, име и презиме на контактот, мобилен број и e-mail адреса)
 
Потребен број на адвокати: 24

Адвокатите кои ќе бидат избрани дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на онлајн платформата, како и за точниот датум на започнување на обуката.
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 20 февруари 2021 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . 
 
 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме