ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО – ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ COVID – 19, ЗА МЕСЕЦИТЕ ОКТОМВРИ, НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА
Почитувани,
Ве информираме дека во Службен весник на Република Северна Македонија број 267 /20 од 9.11.2020 е објавен Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено – економската криза предизвикана од вирусот covid – 19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.
Со овој закон се уредуваат условите и постапката за добивање на финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година и истиот се однесува и на адвокатите.
Законот преземете го од линкот подолу.