ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДИИ: Протокол за спроведување на мерки за заштита од Ковид - 19 во судовите

20 Октомври 2020
Основниот кривичен суд Скопје објави Протокол за спроведување на мерки за заштита од Ковид – 19 изработен од Здружението на судии. 

Соопштението го објавуваме интегрално:

„Основниот кривичен суд Скопје во согласност со препораките на Светската здравствена организација, мерките и протоколите на Здравствените власти во земјава за спречување на вирусот Ковид – 19, како и Одлуката за постапување на судовите во услови на зголемена опасност во време на пандемија, го објавува Протоколот за спроведување на мерки за заштита од Ковид – 19.
 
Протоколот е изработен од Здружението на судии на РСМ и се однесува на сите вработени ( судии, судски службеници и администрација )како и сите странки (обвинети, адвокати, обвинители и останати претставници на државни органи) кои влегуваат во судот. Протоколот има за цел заштита на здравјето на вработените во судот, но пред се заштита на здравјето на сите граѓани кои имаат потреба од остварување на правата пред судот.

Воедно протоколот во склоп на сите други мерки кои ги презеде Кривичниот суд од прогласување на пандемијата па до денес обезбедуваат функционалност на судот и доследно почитување на Уставно загарантираните права и обврски на граѓаните.

(Напомена-во однос на точка 1.5 од Правилникот, Кривичниот суд ја информира јавноста дека не постојат Законски услови за електронски прием на барања за Уверенија/Потврди од Казнена/Кривична евиденција, но обезбедени се сите други услови за заштита на барателите кои преку непосреден пристап на шалтерот доставуаат барања .)

 

  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

1.1 Телесна температура

  • согласно здраствените стандарди, нормална телесна температура кај лице се смета температура од 36 до 37 C со која слободно може да се влезе во судската ззграда;
  • на секое лице на кое при влегување во судската зграда ќе му се измери телесна температура од 37.1 до 37.2 C му се укажува дека треба да чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (можност од евентуално телесно загревање од самото доаѓање до судската зграда) и доколку по второто мерење се констатира нормална телесна температура, лицето може слободно да влезе во судската зграда;
  • на секое лице на кое при влегување во судската зграда ќе му се измери телесна температура над 37.3 C, не му се дозволува влез во судската зграда;
  • сите вработени и странки се должни да во случај на покачена телесна температура или здравствени проблеми и сомнежи на респираторна инфекција, веднаш да се јават на својот матичен лекар;

1.2 Средства за дезинфекција

  • средства за дезинфекција кои соджат најмалку 70% алкохол (за дезинфекција на рацете и чевлите), со назнака за задолжително дезинфицирање се поставуваат пред влезовите во судската зграда и судниците;

 

1.3 Заштитни маски

  • носењето на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето е задолжително за сите вработени и странки кои се наоѓаат во било која просторија во судската зграда;
  • доколку вработените или странките при влезот во судската зграда не поседуваат хигиенска заштитна маска, истата ќе им биде обзбедена од страна на судската полиција;

1.4 Социјална дистанца

  • одржувањето на социјална дистанца (нема ракување, прегрнување или било каков друг контакт) и држење растојание (физичка дистанца) која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица е задолжително во сите простории во судската зградата, за што секој суд ќе обезбеди самолепливи знаци и истите ќе се постават хоризонтално и вертикално во во објектот на судот;

1.5 Електронска комуникација

  • се охрабруваат странките доколку за тоа имаат технички услови да ги користат судските ВЕБ портали, каде ќе се регистрираат и своите поднесоци ќе ги доставуваат по електронски пат, или доколку немаат технички услови за тоа, поднесоците и барањата да ги испраќаат исклучиво по пошта;
  • се охрабруваат странките за помош да ги користат службените телефони или официјалната електронска пошта (e-mail) на судот;
  • се охрабруваат странките сите барања за издавање на уверенија и другите судски акти, односно барања за издавање на другите евиденции од судот, да се прават преку поднесено барање по електронски пат во прилог со скенирана уплатница или по пошта;

 

  1. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

2.1 Влез во судската зграда

Пред влегување во судската зграда, сите треба да ги поминат здравствено-безбедносни мерки и тоа:

  • задолжително држење растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;
  • задолжителна дезинфекција на рацете од апарат поставен пред влезот на зградата, односно со прскање на дезинфекциско средство на рацете од страна на судската полиција;
  • задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;
  • задолжително да биде измерена температурата со безконтактен топломер;
  • задолжително да поминат на безбедносниот преглед преку метал-детектор;
    • задолжително по поминувањето на здравствено-безбедносните мерки, странките да се пријават на судската полиција со соодветни документи за лична идентификаја со покана за судење, односно со наведување на причините за доаѓање во судот;

 

Судската полиција е должна во случај на непридржување кон здравствено-безбедносни мерки да опоменува, а во случај на непочитување на овие мерки да не дозволи влез во судската зграда.

2.2 Чекални, ходници, скали и лифтови

При користењето на хоризонталните и вертикалните комуникации, сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:

  • задолжително држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;
  • задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;
  • задолжително користење на лифтовите со намален капацитет (најмногу до две лица);
  • задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезифекциони средства;

 

2.3 Писарници и приемни одделениа

При користењето на писарниците и приемните одделенија на судот, сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:

  • задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;
  • бројот на странките во овие простории треба да биде усогласен со големината и капацитетот на истите, со што ќе се овозможи држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;
  • задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезифекциони средства;
  • се забранува непотребно влегување и задржување на шалтерите во писарниците и приемните одделениа доколку тоа не е потребно; 

2.4 Судници

При влезот во и користењето на судниците сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:

  • задолжително да извршат дезинфекција на рацете од апарат поставен пред влезот во судницата;
  • задолжително да носат хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;
  • задолжително да се проветруваат судниците за време или по завршувањето на секое судење, по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезифекциони средства (бришење на работните површини и на сите средства и површини кои што биле користени во текот на постапката);
  • бројот на странките во судницата треба да биде усогласен со големината и капацитетот на просторијата, со што ќе се овозможи држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;
  • се забранува влегување и задржување на странките во судницата доколку претходно не бидат повикани и доколку тоа не е потребно;
  • влегувањето на странките на закажаните рочишта и главни расправи ќе се спроведува по приоритет и неопходност за присуство на судењето, а предност ќе имаат странките во постапката, нивните полномошници, како и другите лица кои што се повикани со судска покана;
  • за присуство на останатите лица во судниците доколку не се исполнети условите за безбедна оддалеченост и примена на мерките за заштита, одлучува судијата, односно Судскиот совет кој постапува по предметот;
  • по завршување на расправите странките се должни веднаш да ја напуштат судницата и судската зграда, односно да го ограничат престојот на неопходниот минимум;

2.5 Канцеларии и кабинети

При користењето на административните простории, сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:

  • задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето доколку во просторијата се наоѓаат повеќе од две лица;
  • држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;
  • задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезифекциони средства;
  • се забранува влегување и задржување на странките во овие простории доколку претходно не бидат повикани и доколку тоа не е потребно; 

2.6 Санитарии

  • При користењето на санитарните јазли (тоалети) за странките кои што доаѓаат во судската зграда, се одредува еден тоалет, кој треба да се наоѓа во приземјето или во неговата непосредна близина;

 Претседателите на судотовите ќе имаат можност овој протокол да го дополнат или изменат во зависност од организационата и просторната поставеност на судовите со кои раководат.“.

 

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме