Претседателот на АКРСМ Михајловски оствари средба со министерот за правда Маричиќ

21 Септември 2020

 

Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, Љубомир Михајловски на 17 септември 2020 година, во Министерството за правда оствари средба со министерот за правда г. Бојан Маричиќ.  



За време на средбата, претседателот на АКРСМ Михајловски го истакна значењето на адвокатурата како самостојна и независна јавна служба, уставна категорија чија основна функција е  заштита на човековите права.  

Михајловски истакна дека Комората се залага за современа адвокатура и за современи постапки, како и за елиминирање на решенија кои ја отежнуваат работата на адвокатите и на  учество на адвокатите во подготовка на законските решенија кои се од суштествено значење за правната сигурност на граѓаните и владеењето на правото. 

Министерот за правда Маричиќ потенцираше дека Адвокатската комора е мошне значајна за квалитетот на целокупниот правосудниот систем и заштитата на човековите права. 

Тој истакна дека Адвокатската комора ја смета за партнер во реформите на правосудниот систем и дека ќе биде поддршка за подобрување на пристапот до судската власт и воведувањето на електронска комуникација на судот со сите странки. 

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме