ОБРАЌАЊЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АДВОКАТСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

04 Април 2016

 

Почитувани колешки и колеги ,

Би сакал лично да Ве известам за една исклучително важна и корисна новина, која Адвокатската комора ја обезбеди за своите членови и чија цел е осовременување и поедноставување на работењето на адвокатите.

Од сопствени заштедени средства комората набави софтвер за работење на адвокатските канцеларии и друштва, кој што е достапен за секој член на Адвокатската комора на Република Македонија. Софтверот вклучува целосно компјутерско покривање на сите аспекти на работење на адвокатските канцеларии или друштва и тоа:

– Персонализација на групи и области на предмети, услуги, документи

– Менаџирање со вработени, пристапи и привилегии

– База на сите контакти поврзани со предмети и услуги

– Управување со судски предмети, рочишта и документи

– Управување со адвокатски услуги и документи

– Адвокатски роковник за состаноци, задачи и рочишта

– Интегриран СМС систем за потсетување за активности

– Брз пристап до преферирани темплејти според типови на документи со вграден програм за брза електронска изработка на документите

– Наплата, фактурирање, трошоци и извештаи

– Табеларни и визуелни извештаи

– Пристап до дата бази (именик на сите регистрирани адвокати, нотари, извршители, судови, институции во Република Македонија)

Имплементација на софтверот и едногодишно користење со обезбедена кориснична поддршка, Адвокатската комора на Република Македонија го обезбедува бесплатно за членовите, од финансиските средства на комората.

Се  разбира услов за имплементација и едногодишно користење на софтверот е уредно подмирена членарина заклучно  2015 година.

Ги повикуваме членовите да ја искористат оваа исклучителна поволност која ја овозможи АКРМ и со тоа да го осовременат и поедностават своето работење.

Во име на Адвокатската комора Ви ја честитам новата 2016 година и Ви посакувам успеси во работата и лична среќа.

 Претседател

Никола Додевски, адвокат

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме