ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИТЕ АКОНТАЦИИ НА ДЛД ОСТВАРЕН ОД ВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ

29 Април 2020

Согласно Уредбата со Законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност, а кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на Корона вирусот COVID-19 на Владата на Република Северна Македонија, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година.

За остварување на правото, даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход до Управата за јавни приходи. Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок https://e-pdd.ujp.gov.mk, а комплетното барање го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на барањето.

Повеќе информирајте се на следните линкови:

>> Барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност

>> ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИТЕ АКОНТАЦИИ НА ДЛД ОСТВАРЕН ОД ВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ


Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме