Почитувани,
Имајќи ја во превид вонредната состојба во државата, Управниот одбор на Авокатската комора на РСМ на 07.04.2020 година донесе Одлука во однос на роковите на дисциплинските постапки кои се водат пред Комората, односно постапките кои се водат пред Дисциплинскиот обвинител, Дисциплинскиот суд и Жалбениот совет.
Согласно Одлуката, роковите во дисциплинските постапки кои се водат пред Дисциплинскиот обвинител, Дисциплинскиот суд и Жалбениот совет, престануваат да течат од денот на донесување на оваа Одлука (07.04.2020 година), се до завршување на вонредната состојба.
Управниот одбор дополнително ќе донесе Одлука за продолжување на течење на роковите во дисциплинските постапки.