Одржана средба за започнување на ХЕЛП курсот „Права на заштита на податоци и приватност"

20 Февруари 2020
На 18 февруари 2020 г., во Скопје, се одржа средба за започнување на курсот „Права на заштита на податоци и приватност", во организација на Адвокатската комора на РСМ, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.  Курсот е поддржан од страна на ХЕЛП Програмата на Советот на Европа и Европската унија.


На средбата со поздравен говор се обратија претседателот на АКРСМ, г-дин Љубомир Михајловски и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, г-ѓа Наташа Габер-Дамјановска. Свое обраќање имаа и г-ѓа Софи Квасни, раководител на одделот за заштити на лични податоци при Советот на Европа, г-дин Имер Алиу, директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци и г-ѓа Валентина Боз, проектен координатор на ХЕЛП Програмата за Западен Балкан, како и националните тутори г-ѓа Јелена Ристиќ и г-а Александра Стојановска Тасевска. На средбата присуствуваa 50 адвокати и 12 судии.

Kурсот „Права на заштита на податоци и приватност“ е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци во 28-те земји членки на ЕУ, позната и како „ХЕЛП во 28-те”. Се работи за програма на Совет на Европа со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ.

Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи првенствено за on line курс, којшто е интерактивен и се состои од повеќе модули.

Денеска исто така се одржа свечено доделување на сертификати за првиот курс на тема  „Права на заштита на податоци и приватност". Двомесечниот курс успешно го завршија вкупно 45 адвокати. На доделувањето присуствуваа и се обратија г-дин Љубомир Михајловски, претедател на АКРСМ, г-ѓа Софи Квасни, раководител на Одделот за заштити на лични податоци при Советот на Европа, г-ѓа Валентина Боз, проектен координатор на ХЕЛП Програмата за Западен Балкан, г-ѓа Билјана Тошева, извршен директор на АКРСМ, г-ѓа Јелена Ристиќ и г-ѓа Александра Стојановска Тасевска, национални тутори.

Во организација на Адвокатската комора на РСМ досега се одржаа повеќе ХЕЛП курсеви од  областа на човековите права при што со сертификати  за успешно завршен курс се здобија повеќе од 200 адвокати.



Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме