АДВОКАТСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 23 од Статутот на Адвокатска комора на Република Северна Македонија, Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Северна Македонија на седница одржана на ден 2.9.2019 година ја донесе следната
ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТАРИФАТА ЗА НАГРАДА И НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИТЕ ЗА РАБОТА НА АДВОКАТИТЕ
Член 1
Член 8 дел I точка 4 се менува и гласи: Награда во постапката пред нотар за предлог за издавање на нотарски платен налог, како и приговор против нотарски платен налог, во предлозите со вредност над 10.001,00 денар, изнесува 70% од предвидената во точка 2, а во постапката пред суд наградата е согласно предвидената во точка 2.
Член 2
Во Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите, зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, а зборот „АКРМ“ се заменува со зборот „АКРСМ“.
Член 3
Оваа Одлука стапува на сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02-940/2
4 септември 2019 година
Адвокатска комора на Република Северна Македонија
Претседател,
адвокат Љубомир Михајловски, с.р.
адвокат Љубомир Михајловски, с.р.