ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА АДВОКАТСКИ СПОРТСКИ ИГРИ 2019

02 Септември 2019

Адвокатската комора на РСМ ги повикува своите членови да се пријават на Адвокатските спортски игри 2019.

Екипите ќе се натпреваруваат во дисциплините фудбал, кошарка, шах, пинг понг, пикадо, влечење јаже, пливање и сл., зависно од интересот за конкретна дисциплина.

Адвокатските спортски игри ќе се одржат во периодот од 5-6 октомври 2019 година (сабота и недела), во хотелот „Сириус“ во Струмица. Одржување на  спортскиот дел е предвидено во сабота (5 октомври) во салата на ОУ „Даме Груев“, близу хотелот „Сириус“.

Учесниците плаќаат котизација во висина од 1.000 денари за едно ноќевање (сабота), додека за две ноќевања (за учесниците кои би пристигнале во петок - 4 октомври) вкупната котизацијата изнесува 3.000 денари. Сместувањето е во двокреветни соби. 

Остатокот од вкупната цена  која содржи ноќевање и полн пансион, изнајмување на спортска сала, како и спортски маички го покрива Адвокатската комора.


Котизација се уплаќа на трансакциската сметка на Комората - 300 000 001 142 696 , Комерцијална банка АД Скопје,  со цел на дознака „За спортски игри.“

Сите заинтересирани учесници да се пријават во Адвокатската комора на е-маил. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  . Адвокатите кои немаат уредно подмирена членарина немаат право на учество.

 
 
 
 
 
 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме