Заради ажурирање на Листата на дежурни адвокати која Адвокатската комора на РСМ во согласност со член 161 став 1 од Законот за кривична постапка има обврска да ја состави заради остварување право на адвокат на задржаните лица во период од 20,00 часот навечер до 08,00 часот наутро, како и Листата на бранители по службена должност, Адвокатската комора ги повикува сите адвокати кои се заинтересирани да бидат запишани да се пријават на меил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
По ажурирање, листите ќе бидат доставени до надлежните институции, како и објавени на веб страната на Комората.
Во листите ќе бидат запишани оние адвокати кои ја имаат исполнето обврската за подмирување на членарината кон Адвокатската комора.