По кратко боледување, на ден 20.02.2019 година почина Маруша Митровска, адвокат од Скопје, член на Адвокатската комора на Република Македонија.
Родена е на 07.03.1956, во Штип.
Во Именикот на адвокати се запишала на 3.10.1995, под реден број 854.
Митровска, речиси целата своја професионална кариера ја посвети на адвокатурата.
Погребот е утре, 21.02.2019, во во 11.30 часот, капела Бутел.
Адвокатската комора на РМ, претставувана од претседателот Љубомир Михајловски, изразува сочувство до семејството.