Информативен билтен на CCBE за февруари 2016

16 Март 2016

„Владеењето на правото мора да се сочува и да се гарантира, во секое време и во било каква околност. Без разлика на нивниот број, бегалците мора да имаат еднакви права и одговорности. Доколку владеењето на правото го адаптираме во зависност од бројот на бегалците, тоа би значело победа на оние што ги оспоруваат нашите демократски режими. Токму затоа, по дефиниција, таканаречените „политики на квота“ или „релокализација“ се спротивни на законот; исто како и пречките што одредени држави членки унилатерално ги воведуваат, со цел, да го спречат движењето на бегалците. Сето ова би значело дека на бегалците нема да им се даде право самите да го изберат местото каде ќе побараат азил, затоа што предвидените квоти се веќе исполнети.

Освен тоа, Советот на адвокатски комори и правни здруженија смета дека од суштинско значење, е да се планира и обезбеди присуство на адвокати на клучните локации (центрите за прием и регистрација на бегалците), затоа што токму на овие места се врши нивното сортирање. Адвокатите треба да ги запознаат бегалците со нивните права и одговорности. Со цел, истото да се финансира, исклучително важно е Европската унија да одвои финансиски средства за правна помош, преку постојните Фондови за миграциска помош. Во соработка со ABA (Американското здружение на адвокатски комори – Иницијативата за владеење на правото), CCBE ќе обезбеди правни совети и информации за мигрантите, преку објавување на различни документи и публикации или преку Интернет.

Конечно, на адвокатите треба да им се обезбеди дополнителна обука, за да можат да се адаптираат кон ново настанатата ситуација. Во време на криза, адвокатите се секогаш присутни и ја исполнуваат својата должност: спроведување на владеењето на правото“, пишува Мишел Беничоу,  претседател на Советот на адвокатски комори и правни здруженија на Европа (ССБЕ) во уредничкиот коментар на Информативниот билтен на CCBE за февруари 2016 година.

Освен правата и одговорностите на бегалците, Информативниот билтен на CCBE ги опфаќа и следниве теми: Иновации и иднина на правната професија, Иднината на правните услуги, CCBE Награда за човековите права за 2015 година, Нов „Форум на чинителите на европската правда”,  Годишен извештај на CCBE за 2015 година, Прекуокеанско партнерство за трговија и инвестиции, Проект на месецот: ЕУ парничење за правници и Презумција на невиност.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме