Барање за дополнување на Предлог-законот за именување и дополнување на Законот за судови

15 Ноември 2018
Адвокатската комора на РМ, во текот на вчерашниот ден достави допис - Барање за дополнување на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судови до Владата и до Министерството за правда, како и до Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, со кој се предлага и адвокатите, како дел од правосудниот систем, да можат да бидат предложени во постапките за избор на судии.

Барањето интегрално:

ДО ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕТСЕДАТЕЛ, Г-ДИН ЗОРАН ЗАЕВ

СОВЕТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМИ НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР (2017-2022 година)

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА, Д-Р РЕНАТА ДЕСКОСКА



Предмет: Барање за дополнување на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судови

Почитувани, 


Во Законот за судови во член 46 да се вметнат следните одредби:

- За судија на Основен суд и Управниот суд може да се избере лице од редот на адвокатите со најмалку 10 години стаж по положен правосуден испит.

- За судија на Апелационен суд и Виш Управен суд може да се избере лице од редот на адвокатите со најмалку 15 години стаж по положен правосуден испит

- За судија на Врховен суд може да се избере лице од редот на адвокатите со најмалку 20 години стаж по положен правосуден испит.

Образложение:

Ваквата пракса за избор на судии е веќе постоечка и се применува во земјите членки на Европската Унија кон која се стремиме и тоа во Германија, Шпанија, Англија и др.

Изборот на професија е уставно загарантирано право на секој граѓанин и не може да биде ограничено со закон и други позитивни норми. Истовремено со предложениот закон се врши дискриминација врз лицата чија професија е адвокатурата и им се ограничува можноста да имаат слободен избор на професија во судството. 

Со почит, 

АДВОКАТСКА КОМОРА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Претседател
Љубомир Михајловски, адвокат

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме