Ве информираме дека списокот на учесници на Адвокатски спортски игри 2018, кој во периодот од 6-7 октомври 2018 година (сабота и недела) ќе се одржат во хотелот „Сириус“ во Струмица е затворен.
Адвокатите кои се пријавиле, а се уште не уплатиле котизација тоа треба да го сторат најдоцна до 2.10.2018 (вторник).
Учесниците плаќаат котизација во висина од 1.000 денари за едно ноќевање (сабота), додека за две ноќевања (за учесниците кои би пристигнале во петок - 5 октомври) котизацијата изнесува 3.000 денари. Сместувањето е во двокреветни соби. Остатокот од вкупната цена која содржи ноќевање и полн пансион, изнајмување на спортска сала, како и спортски маички го покрива Адвокатската комора на Република Македонија.
Котизација се уплаќа на трансакциската сметка на Комората - 300 000 001 142 696 , Комерцијална банка АД Скопје, со цел на дознака „За спортски игри.“