Барање до Владата на РМ и Министерството за правда на РМ за активно вклучување на Адвокатската комора на РМ во процесот на донесување на измените на Законот за нотаријат и на Законот за извршување

11 Септември 2018
Адвокатската Комора на Република Македонија денеска, 11.09.2018, достави Барање до Владата на РМ, претседателот на Владата, г-дин Зоран Заев и до Министерство за правда, министерката д-р Рената Дескоска,  за активно вклучување на Адвокатската комора во процесот на донесување на измените на Законот за нотаријат и на Законот за извршување, уште во фаза на припреми на измените, односно пред предложените измени да бидат доставени во собраниска процедура.

БАРАЊЕТО ИНТЕГРАЛНО:


Почитувани,

Адвокатската комора на Република Македонија преку средствата за јавно информирање е известена дека во тек се изготвувања на законски измени на Законот за нотаријат и Законот за извршување.

Бидејќи во споменатите закони има одредби со кои се одредуваат права и должности на адвокатите во Република Македонија, бараме да бидеме активно вклучени во процесот на донесување на измените на наведените закони. Ова, се со цел да се изготват квалитетни закони кои ќе бидат во согласност со Уставот на Република Македонија и другите постоечки закони. Сметаме дека со ваква транспарентност и постапување од Ваша страна ќе се постигне крајната цел да измените кои се во фаза на донесување и вградување во споменатите закони, ќе бидат применливи во праксата и работењето, кое нешто е од општ интерес за граѓаните на Република Македонија.

Напоменуваме дека е зачудувачки да во изминатиот период до Адвокатската комора на РМ, не е доставен ниту еден акт за предлог измените на Законот за извршување и Законот за нотаријат, заради добивање мислење од Адвокатската комора.  Истотака  напоменуваме  дека  Адвокатската  комора  не е поканета на ниту една средба, состанок или дебата на која што адвокатите ќе бидат во можност да дадат свое мислење и да укажат на позитивните и негативните содржини на измените, а воедно би го дале и своето мислење за уставна и законска валидност на измените.

Поради ваквата состојба, а со повторно продолжување на практиката да се донесуваат закони и измени на закони без притоа да биде повикана Адвокатската комора на РМ да даде свое мислење и сугестии, се предизвикува револт и сомнеж кај сите адвокати во Република Македонија за целите на носење на измените, како и нивната уставност и законитост.

Од сето горе изнесено, бараме да бидеме активно вклучени во процесот на донесување на измените, уште во фаза на припреми на измените, односно пред да предложените измени бидат доставени во собраниска процедура.

Со почит,

 

АДВОКАТСКА КОМОРА НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Претседател

Љубомир Михајловски, адвокат

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме