Практична обука за Законот за кривичната постапка одржана во Охрид

03 Јули 2018

На 29 и 30 јуни 2018 година во х. „Unique“, во Oхрид во организација на Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Македонија, Бирото за меѓународна борба против наркотици се одржа обука на тема  „Унапредување на адвокатските вештини во кривичната постапка“.



Обучувачи на обуката беа г. Џон Мекнил, правен советник во Амбасадата на САД во Македонија и поранешен јавен обвинител во САД, г. Никола Додевски, адвокат и еден од обучувачите на листата на обучувачи за ЗКП во рамки на проектот и г-ѓа Билјана Белевска-Пројковска, судијка на Основниот суд Охрид.

Во рамки на обуката беше спроведена симулација на судење со цел подобрување на вештините на адвокатите, особено во делот на директно и вкрстено испрашување.

Обуката од сите адвокати учесници беше оценета како многу успешна. Тие исто така изразија потреба за организирање интерпрофесионални обуки од областа на Законот за кривичната постапка (ЗКП), на кои заеднички би учествувале адвокати, судии и и јавни обвинители. 



Станува збор за последната од серијата обуки кои се одржаа во рамки двегодишниот проект за ЗКП, кој Адвокатската комора го спроведува во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Македонија, Бирото за меѓународна борба против наркотици.

Во рамки на двегодишниот проект беа одржани повеќе обуки и тркалезни маси на кои учествуваа преку 500 адвокати од сите четири апелациони подрачја, а предвидено е и издавање на публикација која ќе ги содржи заклучоците од овие обуки кои се однесуваат на имплеметацијата на ЗКП во пратиката. 



Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме