Викендов во Струга се одржаа овогодинешните, единаесетти по ред, Адвокатски спортски игри. Адвокатските екипи од различните апелациони подрачја во име на традицијата и спортската култура, се натпреваруваа во различни спортски дисциплини.
Во дисциплината кошарка - жени, победник беше тимот од Апелационото подрачје Скопје. Адвокатките од Скопје исто така беа победници и во дисциплините пикадо и понг понг.
Во дисциплината фудбал - мажи, победник беше тимот од Охрид и Струга, како претставник од апелационото подрачје Битола. Адвокатите од Апелационото подрачје Битола победија и во дисциплината шах.
Машкиот тим од Гостивар беше победник во категоријата пинг понг и фудбал, а од овој тим беше прогласен и најкорисниот играч на игрите – адвокатот Ибраим Бајрами. За најфер играч беше прогласен Димитар Петровски, адвокат од Скопје.
При доделувањето на трофеите на најдобрите екипи и поединци, претседателот на Адвокатската комора на на Република Македонија, Никола Додевски го истакна значењето на настанот особено од аспект на колегијалноста, соработката и солидарноста во адвокатурата.