На 18 октомври 2017 година, Адвокатската комора на РМ потпиша Меморандум за соработка со Управата за водење на матичните книги.
Меморандумот за соработка, кој е од особено значење ја потврдува потребата од модернизација на комуникацијата помеѓу адвокатите со Управата за водење на матичните книги, што подразбира и олеснет пристап до правдата.
Адвокатите отсега по електронски пат ќе може да ги добиваат потребните документи од Управата за водење на матичните книги (УВМК), со што се намалуваат трошоците и се скратуваат постапките. Потребните документи во електронска форма од Управата за водење на матичните книги ќе се добиваат најдоцна во рок од 48 часа од поднесувањето на барањето. За користењето на ваквата услуга, потребно е да се има дигитален сертификат и електронска регистрација преку порталот на Управата.
Претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Никола Додевски на настанот истакна дека ваквата новина во Управата за водење на матичните книги не само што го олеснува пристапот до потребната документација на адвокатскатафела, туку претставува и исклучително важна новина за правата и интересите на граѓаните.
„Адвокатите најдобро знаат што значи да се чека по шалтери и благодарни се за овој новитет, кој означува и олеснет пристап до правдата. Адвокатската комора веќе подолго време има заложби за ваков вид комуникација и помеѓу адвокатите и судовите. Во таа смисла, оваа новина е добар пример што треба да се направи во следниот период и тоа во делот на електронската комуникација со судовите“, истакна претседателот на АКРМ, Никола Додевски.
Директорот на Управата за водење на матичните книги“, г. Ѓоко Котевски посочи дека адвокатите ќе ги добијат документите коишто се во надлежност на Управата за водење на матичните книги во електронска форма, потпишани со електронски потпис, со што ќе се скратат трошоците и времето на издавање, а со тоа ќе се овозможи забрзување на оставинските постапки, постапките коишто се вршат според Законот за извршување и постапките кои ги водат адвокатите и нотарите, а цената на изводите што се издаваат по електронски пат ќе се намали од 150 на 125 денари.

Претседателите на Адвокатската комора на РМ, Комората на извршители и Нотарската комора на денешниот настан истакнаа дека ваквата новина во Управата за водење на матичните книги не само што го олеснува пристапот до потребната документација на адвокатската, извршителската и нотарската фела, туку претставува и исклучително важна новина за правата и интересите на граѓаните.