Адвокатската комора на Република Македонија ги известува своите членови дека на веб страната , покрај другата содржина, од самото нејзино поставување, е воведен дел (левата страна под полето Информативен билтен) за огласи каде адвокатите и адвокатските друштва можат бесплатно да ги објавуваат своите огласи за вработување на адвокати, стручни соработници, приправници и друг кадар.
Огласите доставувајте ги на меил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .
Во врската со полето Информативен билтен, Ве информираме дека истото ќе биде активирано многу наскоро.
Апелираме до Вас, секојдневно да ја отворате веб страната на Адвокатската комора со цел навремено и точно информирање за прашања за кои е засегната адвокатурата. Адвокатската комора континуирано работи на развој на нови идеи и унапредување на веб страната со практични решенија за Вас, нашите членови.
>> Повеќе за содржината на веб страната од Обраќањето на претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Никола Додевски.