На средбата, посебен акцент беше ставен на неправилната примена на Адвокатската тарифа од страна на судовите, како и непочитувањето на толкувањето на Тарифата донесено од Управниот одбор на Комората.
Проблемите околу нееднаквиот третман на странките во постапката од страна на судовите, законите за коишто се донесуваат заклучоци од институции кои немаат право да ги толкуваат, како и други прашања коишто се однесуваат на придонесот на судовите кон заштита и јакнење на независноста на адвокатурата и улогата на адвокатите во постапката исто така беа теми на средбата.
Од страна на претседателот на Врховниот суд, г. Вангеловски, беше искажана подготвеност за што поуспешна соработка и надминување на сите проблеми, а со тоа давање придонес кон владеењето на правото.
И раководството на Адвокатската комора и претседателот на Врховниот суд искажаа подготвеност за перманентни контакти со цел решавање на проблемите кои се јавуваат при остварување на уставната улога на адвокатурата.
Иницијативата на претседателот на Врховниот суд на РМ да се сретне со претставници на Адвокатската комора на РМ, Комората ја оценува како прв чекор со кој се покажува чувство и волја за еднаков третман на странките во постапката, како и на Комората и Обвинителствата како еднакво важни институции од страна највисоката судска инстанца во земјава.
Претседателот на Адвокатската комора на РМ му врачи симбол на Комората на претседателот Врховниот суд на РМ.