Обуки за ЗКП во организација на Адвокатската комора на РМ и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите се одржаа во Штип и Гостивар

05 Декември 2016
Обуки за новиот Закон за кривичната постапка во организација на Адвокатската комора на РМ и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите се одржаа изминатава недела во Штип и во Гостивар.


Предавачи на обуките беа адвокатите Дељо Кадиев, Љубомир Михајловски и Даниел Ивановски, а своето искуство со учесниците го сподели и г. Питер Џ. Еинсворт, советник во американското Министерство за правда со над дваесетгодишно обвинителско искуство во високо коруптивни случаи. 

Обуките се наменети за адвокати и се спроведуваат во рамки проектот на Адвокатската комора на Република Македонија  „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ финансиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.


Целта на проектот е развивање на вештините на адвокатите во однос на клучните карактеристики на Законот за кривичната постапка и на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната.
Постигнувањето на оваа цел ќе биде возможно единствено преку континуирана едукација на адвокатите на одбраната и лоцирање на области кои се сметаат за слабост на овие нови закони.

Во рамки на проектот ќе бидат реализирани повеќе обуки и тркалезни маси со посебен акцент на учење на практичните вештин на сите апелациони подрачја.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме