Врз основа на заедничките заложби за подобрување на деловната клима, дигитализација на процесите и обезбедување поголема правна сигурност, на средбата беа разгледани повеќе прашања од заеднички интерес, при што беше изразена заедничка определба за натамошно унапредување на соработката помеѓу Адвокатската комора и Централниот регистар.
Посебно внимание беше посветено на можностите за организирање заеднички обуки за адвокатите кои имаат интерес да стекнат статус на регистрациони агенти, како и на континуирана едукација на постојните регистрациони агенти, со акцент на користењето на електронските услуги и електронското поднесување на пријави до Централниот регистар.
На средбата беше истакната и важноста од континуирано јакнење на институционалната соработка, како предуслов за понатамошно унапредување на електронските услуги и постапки од значење за адвокатите.
Двете институции ја потврдија посветеноста кон градење современ, дигитализиран и транспарентен систем кој обезбедува директна корист за правната професија, деловната заедница и граѓаните.