(ФОТО) Свечено доделување на лиценци за адвокати во сесијата декември 2025 година

23 Декември 2025
Дваесет и седум кандидати за адвокати се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во сесијата декември 2025 година.


Новите адвокати дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придружуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора на Република Северна Македонија.

„Се колнам дека должноста адвокат ќе ја вршам совесно, ќе се придржувам на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека со сите свои постапки ќе внимавам на угледот на адвокатурата како јавна служба”, гласи свечената адвокатска заклетва.

Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, Љубомир Михајловски, на новите адвокати им посака успех од името на Комората и им упати порака да ја штитат адвокатурата и нејзината независност и да го сочуваат својот личен интегритет во борбата за успех.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме