Спортските игри кои се одржуваат еднаш годишно ја симболизираат сплотеноста на адвокатска фела, натпреварувачкиот дух, почитувањето на фер играта и солидарноста.
Адвокатите од различни адвокатски заедници и апелациони подрачја се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини, а на најуспешните екипи и поединци им беа врачени пехари.
Спортските игри започнаа со Адвокатска трка, каде меѓу жените првото место го освои адвокатката Златка Денковска од Скопје, а меѓу мажите Иван Спиркоски од Прилеп.
Во дисциплината шах, првото место помеѓу жените го освои Ана Марија Стојановска, адвокатка од Скопје, а меѓу мажите, адвокатот Виктор Стојановски од Тетово.
Во дициплината пинг понг, првото место помеѓу жените го освои адвокатката Љубица Билбилоска од Тетово, додека помеѓу мажите, адвокатот Даниел Коцевски од Тетово.
Во дисциплината пикадо-жени победи адвокатката Иванка Јакимовска од Скопје, а од учесниците мажи, адвокатот Виктор Марјанов од Штип.
Во натпреварот во фудбал (мажи), првото место го освои тимот од Адвокатската заедница Охрид, претставуван од адвокатите: Горан Николоски, Христијан Спироски, Коста Дескоски, Мишел Силјаноски, Кристијан Ристевски, Михаил Велјаноски, Александар Србиноски и Емил Балабан.
Во натпреварот во кошарка помеѓу жените најуспешен беше тимот од Адвокатската заедница Скопје сочинет од адвокатките: Иванка Јакимовска, Лусија Кналијан, Јована Костовска, Марија Велјановска и Васка Ристовска.
Меѓу мажите, во кошарка најуспешен беше тимот од Тетово претставуван од адвокатите: Александар Симјаноски, Љупчо Ристоски, Бранко Трајковски, Виктор Стојановски.
За најкорисен играч на игрите (MVP) беше прогласен адвокатот Кристијан Ристевски од Охрид.
Пехар за фер плеј играч му беше доделен на адвокатката Лусија Кналијан од Скопје.
За најспортски дух, пехар и беше доделен на адвокатката Васко Трајковски од Скопје.
Пехар беше доделен и за најдобро пеење и истиот го освои адвокат Александар Димитријевиќ од Скопје.