(ФОТО) Свечено доделување на лиценци за адвокати во јунска сесија 2025 година

01 Јули 2025
Дваесет и три кандидати за адвокати се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во сесијата јуни 2025 година.


Новите адвокати дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придружуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора на Република Северна Македонија.

„Се колнам дека должноста адвокат ќе ја вршам совесно, ќе се придржувам на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека со сите свои постапки ќе внимавам на угледот на адвокатурата како јавна служба”, гласи свечената адвокатска заклетва.

Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, Љубомир Михајловски, на новите адвокати им посака успех од името на Комората и им упати порака да ја штитат адвокатурата и нејзината независност, да бидат чесни, како и да го сочуваат својот личен интегритет во борбата за успех.
 
 



Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме