Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со Канцеларијата на Високиот Комесаријат за Бегалци при Обединети Нации (УНХЦР) Адвокатската Комора на Република Северна Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители и Меѓународниот институт за хуманитарно право - Санремо во рамките на проект имплементиран од МЗМП, а поддржан од УНХЦР со назив: ''Застапување за правна помош, изнаоѓање решенија и претставување на лицата кои се од интерес на УНХЦР и Застапување и помош за ставање крај на бездржавјанството”, оррганизира обука за бегалско право.
Обуката која е наменета за адвокати, судии и јавни обвинители ќе се одржи на 7 и 8 мај во просториите на Аакадемијата за судии и јавни обвинители.
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за обуката е до 25 април 2025 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.
Агендата за обуката ќе биде дополнително доставена на учесниците.