ХЕЛП ОНЛАЈН КУРС ЗА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО СОРАБОТКА СО СОВЕТ НА ЕВРОПА

05 Март 2025

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа и проектот „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија - ПРО-ФРЕКС“, во соработка со ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци/ки преку одржување на континуитетот на спроведување на онлајн курсевите. Овој пат, соработката продолжува со организација на уште еден курс за адвокат(к)и од областа на слобода на изразување.

Имплементацијата на курсот е поддржана од страна на Проектот на Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија-ПРО-ФРЕКС“, во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција III”.

ХЕЛП онлајн курсот за Слобода на изразување е подготвен во рамки на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа - ЈУФРЕКС 1“, додека преводот и адаптацијата на домашниот контекст се направени во рамките на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија. – ЈУФРЕКС 2“ а ХЕЛП програмата ја овозможува платформата за спроведување на курсот. Материјалите за обука се изготвени од меѓународни консултант(к)и, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа, додека пак адаптацијата и локалниот контекст се изработени од локални консултант(к)и. Се работи за онлајн курс, којшто е интерактивен и се состои од повеќе модули.

Имено, курсот ги опфаќа клучните концепти и поими во однос на слободата на изразување. Исто така, овој курс ги опфаќа и релевантното европско право (на Советот на Европа и Европската Унија), импресивниот корпус на релевантна судска пракса на Европскиот суд за човекови права и Европскиот суд на правдата на Европската Унија, како и одлуките и препораките на релевантни меѓународни тела фокусирани на слободата на изразување и поврзаните концепти и поими.

Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокат(к)и. По завршување на курсот, адвокат(к)ите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршен курс.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокат(к)и за горенаведениот курс е до 13 март 2024 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Учесниците/чките ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Пријавените адвокат(к)и дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на ХЕЛП платформата, како и за точниот датум на започнување на курсот.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме