Направен нов софтвер за назначување на адвокати по службена должност во Северна Македонија

04 Јуни 2024
Софтверот за назначување на адвокати по службена должност, развиен во соработка со ЕУ и Совет на Европа, беше официјално предаден на Адвокатската комора на Северна Македонија. На церемонијата за примопредавањето на софтверот присуствуваа претставници од Адвокатската комора, Советот на Европа и од компанијата којашто го изработи софтверот. 



Ни претставува задоволство што ќе го имплементираме овој современ софтвер којшто ќе го трансформира начинот на назначување на адвокати по службена должност во кривични постапки. Софистицираните карактеристики за управување со податоци, коишто ги поседува овој софтвер, значително ќе го подобрат секојдневното работење на Адвокатската комора, засилувајќи ја нашата оперативна ефикасност и ефективност. Развивањето на овој софтвер претставува суштински дел од нашите секојдневни напори за зајакнување на пристапот до правдата и за одржување на правни стандарди за пример во Северна Македонија“, рече претседателот на Адвокатската комора, г-дин Љубомир Михајловски на примопредавањето.

Раководителот на програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, г-дин Олег Солдатов, ја нагласи континуираната заедничка соработка при развивањето на овој софтвер, којшто претставува исклучително важна алатка во областа на бесплатната правна помош во кривични постапки што ќе овозможи транспарентност и недискриминација во системот на назначување адвокати. 

Откако целосно ќе се внесат податоците за адвокатите во системот, претседателот на Адвокатската комора ќе го претстави софтверот пред медиумите и останатите засегнати страни на прес конференција планирана за неколку месеци.

Оваа иницијатива одбележува значителен напредок во дигиталното трансформирање на системот за бесплатна правна помош и е во согласност со пошироката реформа во судскиот систем во Северна Македонија, насочена кон зајакнување на владеењето на правото, подобрување на пристапот до правдата и осигурување на еднаков пристап до правдата за сите граѓани, во согласност со европските стандарди.  

 Развивањето на софтверот започна во 2022 година во рамките на програмата на ЕУ и Совет на Европа, Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција и заврши во третата фаза од програмата.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме