Print this page

Жална вест: Почина адвокатот Саво Коцарев

02 Февруари 2022
Со големо жалење Ве информираме дека почина адвокатот Саво Коцарев.

Коцарев, активно, цели 55 години, до крајот на својот живот ја извршуваше адвокатската дејност што претставува една од најдолгите и најплодните адвокатски кариери во Северна Македонија. Препознавајќи го неговиот ентузијазам и исклучителен придонес во изградбата на македонската адвокатура, минатата година Комората му додели плакета за успешно извршување на адвокатската дејност и за подигнување на угледот на адвокатурата. 



Роден е на 11 декември 1928 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Својата кариера ја започнал како правен референт во различни организации, а работел и како стручен соработник во Окружниот стопански Скопје и Општинскиот суд Скопје 1. Во Именикот на адвокати се запишува  на 01.07.1967 и оттогаш ја извршува адвокатската дејност. Носител беше на лиценцата со број 31. 

Адвокатската комора на РСМ, претставувана од претседателот Љубомир Михајловски, изразува сочувство до семејството и најблиските.