Print this page

ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРИМЕНАТА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

19 Август 2021

Почитувани,

На 24 август почнува примената на новиот Закон за заштита на лични податоци објавен во Службен весник бр.42/20 од 16.02.2020 година.

Ве информираме дека Адвокатската комора на РСМ е во постојана комуникација со Агенцијата за заштита на лични податоци, при што од нивна страна ни е укажано дека се врши изготвување на конкретни насоки  за постапување кои  ќе бидат објавени на запознавање на правните субјекти.

Од Агенцијата истакнуваат дека остануваат отворени за соработка во наредниот период и ќе дадат дополнителни објаснувања на оние правни субјекти кои имаат потреба од тоа.