Print this page

Службен весник ви овозможува секојдневно следење на прописите и од вашите мобилни телефони

05 Август 2019

Почитувани,

Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија Ве информира дека од неодамна услугата е-база на прописите со редакциски пречистени (консолидирани) текстови на закони, е достапна и како мобилна апликација. Цената за 12 месеци изнесува 4.500,00 денари, меѓутоа првата инсталација на мобилната апликација има промотивен период од три месеци без надоместок.  

 *Сите активни претплатници на електронската база на прописите имаат можност  за месечна претплата на мобилната апликација по цена од 150,00 ден, меѓутоа и за нив важи бесплатниот период од првите три месеци од инсталирањето. 

Инсталацијата е многу едноставна и се однесува само за андроид-телефоните: влезете на Вашиот телефон во Play Store, побарајте ЈП Службен весник на РСМ и инсталирајте ја апликацијата.