Print this page

(ФОТО) Адвокатската комора на Република Северна Македонија го одржа 71-то годишно Собрание

18 Мај 2026

Aдвокатската комора на Република Северна Македонија на 16 мај 2026 година во хотелот „Изгрев“, во Струга го одржа 71-то годишно Собрание на Комората на кое беа избрани новите членови на ораните на Комората. Од вкупно 291 избран делегат, на Собранието присуствуваа 251 делегат.

 
Пред почетокот на работниот дел на Собранието, пред присутните делегати се обрати досегашниот претседател на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, адвокат Љубомир Михајловски, кој се осврна на предизвиците со кои се соочувала Комората во изминатиот период, како и на предизвиците што претстојат за новиот Управен одбор.

Во своето обраќање, тој истакна дека Комората поминала низ тешки, но и значајни периоди на развој, при што ја потенцираше модернизацијата на просториите и техничкото унапредување на работата на Комората, како и започнатите едукативни процеси.


Воедно, се осврна и на последиците од пожарот во просториите на Комората, поради што работата привремено била вратена во старите простории, но нагласи дека Комората повторно била обновена и дополнително модернизирана.

Михајловски говореше и за предизвиците во заштитата на интересите на адвокатурата, особено во однос на законските решенија кои ја засегаат адвокатурата, како и за потребата од поголема ангажираност и солидарност меѓу адвокатите во работата на Комората. Воедно, укажа и на појавите на недозволено работење на странски адвокатски друштва преку домашни адвокати, како и на јавни настапи со кои, како што истакна, се нарушува угледот на адвокатурата и на Комората.

Во своето излагање, посебно ја истакна и улогата на стручната служба на Комората, оценувајќи дека и покрај малубројноста, истата професионално, ефикасно и посветено одговорила на сите предизвици со кои се соочувала Комората, вклучително и во најтешките периоди по пожарот.

Посебен акцент стави на зачувувањето на независноста на адвокатурата, при што истакна:

„Адвокатурата е самостојна и независна служба. Независноста тешко е добиена, во борба на многу генерации пред нас, а лесно може да се изгуби. Доколку ја изгубиме независноста, ќе се доведе во прашање самото постоење и суштината на адвокатурата.“

Во своето излагање, тој ја нагласи и важноста од донесувањето на на новиот Закон за адвокатура, како и на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на адвокатската професија насочени кон заштита на независноста, како генерално на  положбата на адвокатите.

По завршувањето на обраќањето, Собранието продолжи со работниот дел и спроведување на постапката за избор на членовите на органите на Комората.

За членови на Управниот одбор беа избрани следните адвокати:

  • Лазо Ѓорѓиевски, адвокат од Скопје,
  • Дарко Георгиев, адвокат од Скопје,
  • Саветка Димоска, адвокат од Скопје,
  • Томислав Стефков, адвокат од Скопје
  • Симон Попевски, адвокат од Скопје,
  • Сашо Јанев, адвокат од Скопје,
  • Хамдије Адеми Тафа, адвокат од Кичево,
  • Игор Петковски, адвокат од Битола,
  • Оливер Илиевски, адвокат од Битола, 
  • Христијан Спировски, адвокат од Охрид,
  • Стојан Прензоски, адвокат од Охрид,
  • Атанас Стефанов, адвокат од Кочани,
  • Оливер Гашев, адвокат од Велес,
  • Никола Биџовски, адвокат од Штип,
  • Никола Апостоловски, адвокат од Тетово,
  • Ивица Донев, адвокат од Струмица,
  • Марко Илиевски, адвокат од Куманово.
Управниот одбор одржа конститутивна седница, на која за претседател на Управниот одбор беше избран адвокат Лазо Ѓорѓиевски од Скопје, а за заменици претседатели беа избрани адвокат Дарко Георгиев од Скопје и адвокат Хамдије Адеми Тафа од Кичево.


За членови на Надзорниот одбор беа избрани:
  • Трајче Саздов, адвокат од Скопје,
  • Фаик Илјази, адвокат од Гостивар,
  • Гордана Каркалашева Трајковска, адвокат од Скопје,
  • Дамјан Шишковски, адвокат од Скопје (заменик),
  • Ибраим Бајрами, адвокат од Тетово (заменик),
  • Кирил Михајлоски, адвокат од Битола (заменик).
За Дисциплински обвинител беше избран:
  • Васил Арабаџиев, адвокат од Струмица,
  • Роза Михајловска, адвокат од Скопје (заменик),
  • Лусија Кналијан Јанева, адвокат од Скопје (заменик),
  • Драган Благоев, адвокат од Битола (заменик)
За членови на Дисциплинскиот суд беа избрани:
  • Емил Балабан, адвокат Охрид,
  • Емилија Мицковска, адвокат од Скопје,
  • Александар Симјановски, адвокат Тетово,
  • Марјан Петровски, адвокат од Битола (заменик),
  • Благој Петковски, адвокат од Скопје (заменик), 
  • Александар Варела, адвокат од Скопје (заменик).
За членови на Жалбениот совет беа избрани:
  • Дарко Гоцевски, адвокат од Струмица,
  • Елизабета Илиева, адвокат од Кочани
  • Глигорие Ќатоски, адвокат од Струга, 
  • Горан Николоски, адвокат од Охрид,
  • Златка Денковска, адвокат од Скопје,
  • Билјана Јандриоска, адвокат од Скопје (заменик),
  • Владимир Цековски, адвокат од Скопје (заменик),
  • Јован Лалевски, адвокат од Битола (заменик),
  • Андреј Ѓорѓиевски, адвокат од Скопје (заменик),
  • Славко Петлески, адвокат од Прилеп (заменик).







Галерија