Kaко Шатев така и Пирузе е анатемисан од македонските комунисти на чело со Лазар Колишевски, кој бил во тоа време и претседател на Владата. Адвокатите и адвокатската организација - комора покрај ваквите идеолошки проблеми што се наметнуваат во македонското општество, сепак претставуваат знаменосец во борбата за човековите права и слободи и демократизација на државата |
||
![]() |
||
![]() |
||
СЕДУМДЕСЕТ ГОДИНИ МАКЕДОНСКА АДВОКАТУРА (2)
Основачкото собрание на Адвокатската комора се одржа на 28 јануари 1951 година, по донесено претходно решение на министерот за правосудство, адвокат Благој Левков. Собранието се одржа во салата на Окружниот суд Скопје. На собранието за претседател се избира Ѓорѓи Хаџи Манев од Велес, а за секретар Александар Стрезоски од Скопје. Во наредниот период до осамостојувањето на македонската држава за претседател на Адвокатската комора ќе бидат избрани: Јанко Дика, Панта Поленак, Трајко Јовев, Сотир Главинче, Бранко Јосифовски, Трпко Ристовски, Иван Андонов, Илија Марков, м-р Кирил Божинов, Рафаил Черепналковски и Никола Кајчевски (1989-1991). |
||
|
Извор: Нова Македонија / Објавено: 20.05.2015