На 17 февруари 2017 во рамки и во организација на ИПА проектот „SCBL“ во хотелот „Арка“ во Скопје ќе се одржи советување на тема „Присилна ликвидација и други постапки за бришење на трговски субјекти“.
Ова советување е наменето за сите заинтересирани страни, со цел да им овозможи на правниците и претставниците на законодавецот, како и други институции, да добијат сознание за нови постапки и да разберат како различни модели за ликвидација може да се применат во земјата.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество
, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил:
lawyermk@mba.org.mk.
>> Агендата за настанот можете да ја преземете од линкот подолу.