Print this page
-->

Пријавете се на обука од областа на форензиката

Адвокатската комора на РМ во соработка со Здружението на јавните обвинители на РМ организира обука од областа на форензиката која е предвидено да се одржи на 21 декември 2016 година со почеток во 11:00 часот, во канцеларијата на Адвокатската комора на РМ во Апелациониот суд Скопје.

Целта на обуката е адвокатите и јавнообвинителските службеници  да се здобијат со потребни знаења и искуства од областа на форензичките техники и новини.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Пријавите на адвокатите кои немаа подмирено членарина кон Адвокатската комора нема да се разгледуваат.