Print this page

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ОБВРСКАТА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА КОМОРСКА ЧЛЕНАРИНА ЗА 2022 ГОДИНА

11 Јануари 2022

Почитувани,

Ве потсетуваме дека заклучно со 31 март 2022 година сте должни да ја подмирите обврската за плаќање коморска членарина  за 2022 година во висина oд 6.000,00 денари.

Воедно Ве известуваме дека доколку имате заостанат долг по основ на членарина,   потребно е истиот да го подмирите со цел да бидат избегнати дисциплински и судски постапки за наплата на истиот.

Во прилог од линкот подолу можете да преземете примерок од вирман за уплата Напоменуваме во полето „повикување на број“ задолжително да се наведе бројот на адвокатската лиценца.

Со почит,

АКРСМ